Следи нѐ
To Top

Како да го направите враќањето на училиште полесно?

Летниот распуст е веќе при крај и подготовките за новата учебна година се во тек. Децата тешко се разделуваат со безгрижното лето и игрите.

Сепак има некои полезни совети коишто ќе им помогнат на родителите да ја пребродат фазата на привикнување на детето кон училишните обврски полесно и поспокојно…

Променете ги навиките на спиење кај детето

Основно правило е да започнете постепено свикнување на рано одење в кревет и ранобудност, уште пред училишната година. Тоа ќе им помогне на децата да не се будат нервозни и раздразливи. Една седмица е доволна за да се постигне тоа.

Купувајте баш пред почетокот на новата учебна година

Еден од моментите кои носат радост, посебно кај најмалите е – купувањето нов училиштен прибор: Ранец, тетратки, учебници, нова облека – сето тоа, макар што е неопходно, е сериозен товар врз семејниот буџет. За колку-толку да заштедите, порталот „Розали“ советува купувањето да се случи токму пред стартот на учебната година, кога има намаленија.

3апазете ја навиката на престој во природа

Летото децата вообичаено го поминуваат во игри надвор на отворено, слободни и среќни. Со враќање на часовите, таа рутина се менува. Ете зошто е добро родителите да ги охрабруваат своите деца големиот и малите одмори да го поминуваат надвор на природа – на прошетка и рекреација во паркот, на пример, исто како во распустот.

А и кога времето ќе започне да заладува, не запирајте ги децата во својата игра, дури ни кога тоа ќе стане дождливо. Само – да се внимава на облеката и на обувките, тие да бидат потопли.

Намалете го стресот кај детето, но и кај себе

Децата често, особено оние помалите, во почетокот на учебната година се нервозни, посебно ако се работи за префрлање во ново училиште, или пак – за преминување од основно во средно училиште. За да му помогнете на детето да си го сочува спокојството и мирниот сон, потпрете се на природни средства. Тоа се чај од камилица, лаванда или маточина. 3асладено со лажичка шеќер или мед, тоа не само што делува релаксирачко, туку и ги ублажува болките во стомакот и главата коишто би се појавиле на психичка база.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

error: Содржината е заштитена со авторски права.