Следи нѐ
To Top

Рекордна посетеност на отворањето на Пиволенд 2016 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Со настапот на Д Чикс, Д Планктонс, Блек енд вајс соушл клаб, Влатко Илиевски и Акустик дивижн, Рибља чорба и Диџеј Дуоз вчеравечер на скопското Кале почна деветтото издание на традиционалната манифестација – Гурмански викенд со пиво „Пиволенд 2016“.

На отворањето на „Пиволенд 2016“ присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева.

Во текот на пет фестивалски денови, до 4 септември, посетителите на „Пиволенд 2016“ ќе имаат можност да дегустираат пиво и гурмански мезиња, да проследат богата музичка програма со големи имиња од македонската музичка сцена, како и гости од странство и да уживаат во катчињата за забава.

<
>

Фестивалот на пивото традиционално е во организација на Град Скопје и на „Темов“. За организација на гурманскиот викенд, Градот Скопје од буџетот издвојува 500.000 денари.

Музичката програма на „Пиволенд“ е поделена на три бини на Кале, како и една бина во Пивница „Стар Град“. Покрај на главната бина, посетителите ќе може да слушаат добра андерграунд музика на Бла Бла стејџ (метал, хардрок, рок, хип хоп, рап, инди) и на Електро Денс стејџ (џангл, прогресив, хаус, техно, трап, транс). Оваа година на гурманскиот викенд со пиво „Пиволенд 2016“, публиката ќе има можност да ужива во музиката на голем број македонски изведувачи, бендови и диџеи: Влатко Илиевски, Дани, Нокаут, Тамара, Фолтин, Ефто Пупиновски, Тијана, Флукс, Јаков Дренковски, Чил Плеј, Тотално опуштање, Дј Славе и многу други. Од регионот гостуваат Рибља Чорба и Министарке.

Освен пивско и музичко уживање, посетителите ќе може да се испробаат во адреналински спортови во „Акциската зона“: кендо, мечување и стрелаштво. На Пиволенд ќе има и базар за ракотворби, но и голем избор на пивски игри во Игротеката за возрасни.

За оние што сакаат да експериментираат со вкусовите, на Пиволенд е поставен штанд со пивски коктели. На фестивалот се претставува и првата микро-пиварница во Македонија „Темов“, како единствена од ваков тип во регионот.

Ги советуваме посетителите коишто сакаат да дегустираат пиво на „Пиволенд 2016“, да ги остават своите возила и да користат јавен превоз.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.