Следи нѐ
To Top

ТАТЈАНА АЛЕКСИЌ: Без алат нема зана(е)т

Алатките се чудо, тие се дел од нашето секојдневие и сите ги имаме и користиме, но често не сме ни свесни дека располагаме со тајни алатки.

Хирургот не може без скалпел, механичарот без шрафови, сликарот без боја, писателот без перо, домаќинката без тенџере (ако е очајна домаќинка). Но човекот може да поседува и тајни алатки , невидлив алат за средување и одржување на сопствениот живот! Станува збор за книгата „АЛАТ“ на американските психотерапевти Бари Мајклс и Фил Стуц во која ги објаснуваат 5-те алатки од животно значење.

реклама

1. ПРЕИМЕНУВАЊЕ НА ЖЕЛБАТА

Плашејќи се од потсмев, негативна критика или голем физички напор се затвараме во „зона на комфорот“ водејќи пасивен и навидум безгрижен живот заштитени од непријатности. Оние кои имаат цел и визија мора да се соочат и справат со непријатностите за да се движат низ животот. Впрочем и бебињата проодуваат со многу мака и непријатности.

2. АКТИВНА ЉУБОВ

Инфантилната претстава за праведен свет носи разочарување од нанесената неправда. Не треба да се мечтае за одмазда, туку да се засака таквиот свет и да го замислиме светот како е опкружен со љубов, а не со неправди.

3. ВНАТРЕШЕН АВТОРИТЕТ

Ако немаме авторитет кон себе си, ќе го немаме ни кон другите. Вежбајте реторика пред замислена публика за да ја победите несигурноста, чекорете исправено како никогаш да не сте сами.

4. БЛАГОДАРНОСТ

Наместо црни мисли и вечен песимизам станете благодарни на мали и конкретни нешта околу вас, не е се така црно. На пример, благодарни што сте се разбудиле без главоболка и имате можност сами да си сварите кафе ( не очекувајте некој да ве разбуди со кафе, очекувањата болат).

5. ОПАСНОСТ

Кога ќе ве обземе малодушност и мисла дека немате потреба од никакви помошни алатки, кога се тешите дека се ќе си дојде на свое… вие сте во опасност! Таквиот став е илузија на животот кој мора да стане алатка во ваши раце. Во животот треба да си ги преименувате желбите, да научите да сакате, да негувате авторитет, а не стравопочит, да бидете благодарни и да се потсетите колку сме смртни и колку животот е минлив!

Потпрете се на златната алатка – волјата, таа е наша „виша сила“. Без волјата за животни остварувања ќе си го расипете сопствениот живот, потоа ниедна алатка не може да го поправи! И не sиркајте во туѓите животи губејќи драгоцено време, може да sирнете во туѓа алатка чисто инспиративно, секако ако е квалитетна ?

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Колумни

  • Ленин Јовановски – Одличен (5,0)!

    7.7.2017 година, година на многу премрежија, некому мајка, некому маќеа но секому важна. Интересна е датата, содржи три седмици, омилениот број...

    Татјана Алексиќсептември 5, 2016
  • Слобода на медиумите или распродажба на вистината како стока

    3 MAJ – СВЕТСКИ ДЕН НА СЛОБОДА НА МЕДИУМИТЕ Има ли цена и драгоценост вистинската информација во вистинско време? Отсекогаш, вистинската...

    Татјана Алексиќсептември 5, 2016
  • Први мај – ден на прасето!

    Први мај – меѓународен ден на прасето (скарата), пардон, на работникот, залиен со цинизам кој се добива како микс од идеологијата...

    Татјана Алексиќсептември 5, 2016
error: Содржината е заштитена со авторски права.