Следи нѐ
To Top

Нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска во Македонија ќе биде нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 17, а дневната од 24 до 29 степени целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 5.

реклама

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Температурата ќе се движи од 16 до 27 степени.

Од утре ќе настапи стабилизирање на времето по што следува период на стабилно и суво време со постепен благ пораст на дневната температура.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.