Следи нѐ
To Top

Со настапот на Тери Еванс и Џо Коломбо започна „Блуз енд соул фестивал“

Вчеравечер во Сити хол во Скопје со настапот на Тери Еванс и Џо Коломбо започна „Блуз енд соул фестивал“.

Тери Еванс е дел од онаа легендарна генерација на блуз и соул пејачи што ја предводеа Сам Мур, Попс Степлс, Мајти Сем МекКлеин и други.

реклама
tanurovski-0664 tanurovski-0630 tanurovski-0681 tanurovski-0439 tanurovski-0438
<
>

Неговиот музички пат започнува на изворот на блузот во Виксбург, Мисисипи од каде ја започна својата брилијантна кариера низ која соработуваше со најголемите имиња на светската музичка сцена.

Во Лос Анџелес беше еден од најбараните сешн вокалисти, добитник на златна плоча за учество на албумот на Џон Фогерти „Ај Оф Д Зомби“. Како долгогодишен вокалист на бендот на Рај Кудер, Еванс се појавува на неговите албуми како главен вокал.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.