Следи нѐ
To Top

Љубомора – чудовиште со зелени очи!

Брилијантниот набљудувач на животот, Вилијам Шекспир, уште во 16 век во љубомората метафорично гледа чудовиште со зелени очи!

Грда и опасна како чудовиште, а привлечна како бојата на смарагд. Нејзиниот најголем парадокс е што сите ја посакуваме, а таа е мора на љубовта – љубо МОРА , ноќна мора, трае и додека спиеме. Статистиката открива ( но никогаш доволно, колку и бикини костимот ) дека 40% од жените и 10% од мажите намерно предизвикуваат љубомора кај партнерот како недостаток на доказ за љубов, желба, страст, посакување…

Љубомората не секогаш е доказ на љубов затоа што во врски каде одамна не „живее“ љубовта (на пример комерцијални или солидарни бракови) партнерите ќе бидат љубоморни при самата помисла дека некој може да ги замени. Недостаток на самодоверба, страв, себичност, посесивност, суетност… се емоции на кои се надоврзува чувството на љубомора.

Љубовта ја лекува љубомората со квалитетно поминато заедничко време, искрени и долги разговори, грижа и споделување на проблемите, размена на емоциите. Прва помош при љубомора е самосвесно анализирање и учење од сопствените грешки . Отело докажал дека неизмерно ја сака Дездемона задавувајќи ја и убивајќи се, но кому корист од таков доказ! Во времето на Шекспир Отело бил трагичен лик, денес би бил психопат и би одлежал затворска казна.

Љубовен викенд со мала, слатка доза на љубомора како доказ дека сакате и ве сакаат, ако не умеете поинаку <3

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Колумни

  • Девет нивоа за интелектуален триумф!

    Ако ви кажат дека сте интелигентни, или ве лажат или себе си се залажуваат… Особено ако интелектот се премерува со папирологија...

    Татјана Алексиќсептември 24, 2016
  • Политиканти, критизери и други суплементи…

    Кога интелектуалецот ќе се одрекне од автентичната улогата на бранител на универзални вредности, неговата „големина“ се смалува, се собира како шангриската...

    Татјана Алексиќсептември 24, 2016
  • Ден потоа…

    Ден поТОА… Тоа е ТОА што се чека цела година, како пустината дождот, рибарот риба, ветерницата ветрот, покерашот покер, коцкарот џек...

    Татјана Алексиќсептември 24, 2016
error: Содржината е заштитена со авторски права.