Следи нѐ
To Top

МАГИЈАТА СЕ ВРАЌА: Објавен нов трејлер за филмот „Фантастични ѕверови и каде да ги најдете“ (ВИДЕО)

Пристигна уште една најава за новата приказна од магичниот свет на Хари Потер!

Филмот „Фантастични ѕверови и каде да ги најдете“, работен според приказната на Џ.К. Роулинг, во средина на ноември пристигнува во светските, но и во домашните кина.

Главната улога овој пат припадна на Еди Редмајн кој го глуми волшебникот Њут Скамандер. Дејствието на филмот е 70 години пред да започне приказната за Хари Потер.

Името на овој нов серијав е всушност насловот на книгите кои Хари ги читаше пред да замине во Хогвордс, а се задолжителна литература на секој млад волшебник.

Филмот е режиран од Дејвид Јеитс, кој стои и зад последните четири филма од сагата за Хари Потер.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Видео

error: Содржината е заштитена со авторски права.