Следи нѐ
To Top

КИМ КАРДАШИЈАН ОГРАБЕНА ВО ПАРИЗ: Крадците ѝ украле накит вреден 16 милиони долари

Ким Кардашијан била нападната минатата ноќ околу 3:40 часот во хотел во Париз од пет вооружени напаѓачи облечени како полицајци, соопшти француската полиција.

– Таа е навистина потресна, но е неповредена, изјави нејзиниот портпарол.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, Ким Кардашијан престојува во францускиот главен град на Модната недела.

Портпаролотот соопшти дека инцидентот се случил кога неколкумина „маскирани вооружени лица“ упаднале во нејзината хотелска соба и ја држеле под закана со оружје.

Според извор близок до истрагата, телохранителот на Ким бил врзан со лисици, а потоа наоаѓачите украле накит вреден 16 милиони долари.

– Штетата изнесува неколку милиони евра, главно накит. Вкупниот износ сѐ уште се проценува, изјавија полициски извори.

Дел од украдениот накит е и венчалниот дијамантски прстен вреден 4 милиони долари кој Ким неодамна го објави на Инстаграм.

💎💎💎

A photo posted by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Истрагата за нападот и е доверена на судската полиција. Нападот се случил во елитен хотел во кварт познат по луксузни продавници во богатиот дел на француската престолнина.

Целата фамилија Кардашијан доцна попладнево пристигна во Париз, а нејзиниот сопруг Канје Вест вчера го прекинал неговиот концерт поради, како што кажал, „семејна тревога“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.