Следи нѐ
To Top

Времето е битие кое нѐ гради или разградува…

Губењето мерка за вреднување на минатото (особено кога е надвор од историски, научни и естетски вреднувања) е деструктивна крајност колку и заробеноста во минатото со опасна игра на оживување демони.

Без сеќавање нема размислување ниту разбирање на митосот, логосот и епосот, ниту развивање на науката, уметноста и религијата. Но, предимензионираната меланхоличност кон минатото буди некритички дух , ја успива креативноста и перспективата, а пак од друга страна, вртењето грб на трајните историски вредности е бесмислено. Ја губиме ли мерката , а со неа и правото на иднина која се темели на умерен баланс помеѓу минатото и сегашноста?

реклама

Апсолутно декодирање на минатото е невозможно исто колку и нејзиното „суспендирање“ кое во колективната меморија создава фрустрација. Со должна почит кон научните истражувања, но понекогаш знаат да бидат гротескни во упорноста да се докаже една единствена голема вистина.

Враќањето кон минатото или нејзина архаизација по секоја цена, е цената на измама која долго се плаќа во иднината. Така се губи чекорот со времето и губење ритам со идентитетот на современоста. Апсурдноста на враќањето во историјата која е завршена е драстичен анахронизам без мерка.

Во новиот универзум со забрзано темпо мортале како да е тесно за минатите идоли и идеали и нивното идеализирање во новото време.

Но култот кон сеќавањата е одбрана од отсутната присутност, бегство од отуѓеноста во блискоста на веќе непостоечкото – парадоксално губење мерка.

„Да паметиш значи повторно да воспоставуваш блискост“ како што вели нобеловецот Бродски. Затоа времето, како суштина или битие на човекот, треба да не научи на умно, разумно обновување на културата на сеќавањето, а не на деструктивно уривање трајни вредности или наметнување на веќе разградена хронологија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Колумни

  • Читачка криза на Светскиот ден на книгата…

    Сѐ поблиску сме до неповратна загуба на читачката кондиција! реклама

    Татјана Алексиќоктомври 21, 2016
  • Епидемија на депресија

    „Смртоносната мода“ му се заканува на светот како епидемија поубиствена и од канцерот. Секој десетти човек има меланхоличен израз на лицето,...

    Татјана Алексиќоктомври 21, 2016
  • Небиднина…

    Подобро чесно да пропаднам отколку да победам на нечесен начин“ – максима на мудриот Сократ кој знаел дека ништо не знае...

    Татјана Алексиќоктомври 21, 2016
error: Содржината е заштитена со авторски права.