Следи нѐ
To Top

Физички нападнат новинар на телевизија Телма

К.П., 1984 година од Скопје, е напаѓачот на новинарот на Телма, Павле Беловски.

Тој вчеравечер во 21.20 часот на улицата Димче Мирчев број 9 пред главната капија на МВР, без повод и причина физички го нападнал и повеќе пати со раце и со нозе го удрил Беловски во пределот на лицето, главата и телото, нанесувајќи му видливи повреди во вид на оток.

К.П. е приведен во полицiската станица Центар за расчистување на настанот, информира МВР.

Телевизијата јави дека додека новинарот на Телма, Павле Беловски во тој момент бил на извршување на професионалната задача- очекување на резултатите од истрагата што СЈО ја спроведуваше во УБК.

Во инцидентот кој е регистриран од камерата на ТВ Телма, новинарот не е повреден, а напаѓачот веднаш бил приведен од полицијата која брзо реагираше со оглед на фактот што нападот се случил пред самиот влез на МВР.

Според неофицијалните информации од полицијата Попризов има две кривични пријави, за напад на овластено службено лице и за загрозување со опасно орудие при тепачка.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.