Следи нѐ
To Top

ПОРАДИ ПЛАГИЈАТ НА ПЕСНА: Лејди Гага не сака да ја споредуваат со Мадона (ВИДЕО)

Познатата пејачка Лејди Гага изјави дека многу ја почитува Мадона, но дека не сака да ја споредуваат со неа.

– Ние две сме многу различни. јас свирам многу инструменти и ги пишувам своите песни, за разлика од неа, изјави Лејди Гага.

Во неодамнешното интервју новинарот ја споредил Гага со Мадона, поради што таа „полудела“ и го понала својот монолог.

– Ја почитувам, таа е една од најголемите пејачки на сите времиња и сигурно е драга, но јас минувам часови во студиото работејќи на својата музика. Не сакам да бидам безобразна, но не сакам да ме споредувате со кого било, изјавила видно инервираната пејачка.

Најверојатно Лејди Гага сѐ уште е лута на Мадона што пред четири години ја обвини дека за хитот „Born This Way“ ја ископирала нејзината култна песна „Express Yourself“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.