Следи нѐ
To Top

Променливо облачно со температура до 20 степени – од четврток северен ветер и заладување

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со локален дожд претпладне, а попладне потопло и со сончеви периоди. Ќе дува слаб југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 14 до 20 степени.

Во Скопје променливо облачно со локален дожд претпладне, а попладне потопло и со сончеви периоди. Ќе дува слаб југоисточен ветер.

Температурата ќе се движи од 11 до 18 степени.

Од недела до среда следува период на стабилно, суво и потопло време. Во среда кон крајот на денот под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, кои ќе продолжат и в четврток, проследени со северен ветер и опаѓање на температурата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.