Следи нѐ
To Top

Променливо облачно со температура до 21 степен – од среда заладување

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на слаба магла, а попладне во планинските подрачја услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 16 до 21 степен.

Во Скопје слично време со температура од девет до 19 степени.

Повеќе сончеви периоди ќе има во понеделник и вторник. До среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен југоисточен ветер. Во утринските часови ќе има услови за појава на слаба магла по одделни котлини.

Во среда кон крајот на денот под влијание на студена воздушна маса ќе има врнежи од дожд, проследени со засилен северен ветер и опаѓање на температурата во следните денови.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.