Следи нѐ
To Top

РИСТЕ ВООДУШЕВИ: Јелена Карлеуша два пати си го прегрна својот миленик од лани (ВИДЕО)

Ристе Ристески повторно во “Ѕвездите на Гранд”. По ланското учество и сезона во која испадна на чекор до крајот, згодниот Охриѓанец реши повторно да си ја проба среќата. И не погреши – овојпат “растури” и успеа да обезбеди директен пласман во вториот круг од оваа сезона на Гранд, пишува порталот ТВ Пакет.

Голема сигурност на сцена, силина на гласот и уживање во неговата интерпретација. Првата песна која ја испеа беше “Страх ме да те сањам” од Џенан Лончаревиќ, на која не остана никој рамнодушен во студиото.

– Така бре пеј, тоа е тоа – не можеше да издржи Карлеуша која се радуваше на неговото присуство на сцената на Гранд.

Втората песна со која загарантирано си ги докажа сите седум гласа од жирито беше “По тебе” на легендарниот Тоше Проески. Со песната на Тоше, Ристе ги разигра сите во студиото и уште толку ја вжешти атмосферата во студиото.

– Секоја ти чест, браво – искоментираа Аца Лукас и Марија Шерифовиќ, а и се пошегуваа со Јелена Карлеуша дека има “secret crush” за Ристе.

– Не е веќе “secret crush”, он е “public crush”, тој е некој што заслужува финале над сите финалиња, тој е толку харизматичен, убав и голем пејач. Фала ти што пееш на македонски, тој јазик звучи така секси – Карлеуша не можеше да го сокрие воодушевувањето.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.