Следи нѐ
To Top

По ланското финале, Адам Лабунски и оваа сезона во „Ѕвездите на Пинк“ (ВИДЕО)

Долгокосиот Македонец Адам Лабунски повторно во „Ѕвездите на Пинк“. Ланското учество и влезот во големото финале за нашиот Адам изгледа не биле доволни, па решил и оваа година да си ја проба среќата за победа, пишува ТВ Пакет.

Во оваа сезона, тој за првпат се сретна со новото жири и се изненади од нивните позитивни реакции.

Првата песна која ја испеа беше „Ночи моје“ од Мухарем Сербезовски, на што со задоволство се подигнаа турбо фолкерите Драгана Мирковиќ, Дара Бубамара, Шабан Шаулиќ и Зорица Брунцлиќ.

– „Ти си совршен, посебен, со таа коса и насмевка. Обожувам да те слушам!“ – искоментира Дара, а за Зорица нашиот кандидат мора да стигне до финале повторно.

По втората песна „Живим да те волим“ од Саша Ковачевиќ, се подигна и единствената поп пејачка во овој состав, Александра Радовиќ.

– „Добро е да знаеш каде си. Сам мораш да знаеш каде е тоа, каде музицирањето може да прејде во кич, а ти си на чекор од тоа.“ – се огласи Александра, која и не така многу ги сака ваквите песни какви што пееше Адам.

Како и да е, Адам повторно по истиот пат. Го помина првиот круг и влезе во вториот, но македонските гледачите нема да може да ги гледаат неговите настапи на телевизија. Поради забраната од ЗАМП, веќе еден месец не се емитуваат српските музички шоуа на нашата територија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.