Следи нѐ
To Top

Статуата на „голиот“ Трамп продадена на аукција за 21.000 долари

Статуата на голиот кандидат на републиканците за претседател на САД, Доналд Трамп, во природна големина беше продадена вчера на аукција во Лос Анџелес за 21.800 долари, пренесоа ДПА и ТАСС.

Голата статуа, наречена „Царот нема топки”, беше продадена во аукциската куќа Џулиенс Аукшнс, се наведува во соопштението на нејзиниот официјален сајт на Твитер.

Фигурата на голиот Трамп со огромен стомак и исклучително мал пенис силно се појави во август, кога активисти поставија пет такви исти статуи во Сан Франциско, Њујорк, Лос Анџелес, Кливленд и Сиетл. Слики и селфија со делото го преплавија интернетот.

Властите ги отстранија статуите уште истиот ден кога се појавија.

Организаторите прецизираа дека засега не се планира продажба на која било од другите голи статуи на Трамп.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

  • Бојата на 2017 година е светлозелената!

    Секоја година, од 2000 наваму, американскиот производител на индустриски бои, Пaнтон ја избира најмодерната боја за наредната година, па така, за следната...

    Информативна Редакцијаоктомври 24, 2016
  • На повидок нова кралска венчавка?!

    Откако принцот Хари ги прекрши правилата на британското кралско семејство за да ја посети својата девојка Меган Маркл во Канада, се...

    Информативна Редакцијаоктомври 24, 2016
  • Наместо брак десетгодишен договор за врска

    Во светот денес во просек повеќе од една третина од браковите завршуваат со развод, поради што експертите ги советуваат паровите наместо...

    Информативна Редакцијаоктомври 24, 2016
error: Содржината е заштитена со авторски права.