Следи нѐ
To Top

ПРОМОТИВНО: Изберете го стартниот број за следното издание на Скопскиот маратон

Низ годините, Виз Ер Скопски Маратон прерасна во најмасовен спортски настан во Македонија кој привлекува се поголем број на учесници, како домашни така и странски натпреварувачи.

Иако 2016та година сѐ уште не е завршена, организаторите на Виз Ер Скопски Маратон за претстојната спортска манифестација, која ќе се одржи на 7-ми мај, 2017, внесуваат интересен новитет за најбрзите заинтересирани кои ќе се пријават да учествуваат во некоја од трките, а на програмата се 4: маратон, полумаратон, штафетен маратон и трка на 5км.

„Вратите” за онлајн пријавувањето на маратонот ќе се отворат утре на 26-ти oктомври во 08:45 часот наутро на веб страната skopskimaraton.com.mk, а сите заинтересирани ќе имаат ексклузивна можност да го одберат својот омилен број.

Изборот на стартниот број ќе се одвива при процесот на онлајн регистрација, и во овој период плаќањето ќе може да се изврши само со плаќање преку онлајн системот. Овој прозорец на слободен избор ќе трае само до 27-ми oктомври, до 23:59 часот, пред полноќ. По завршување на промотивниот период, стартните броеви веќе нема да може да се бираат по слободен избор, туку ќе бидат автоматски доделувани преку системот за регистрација.

Предноста од пријавувањето во раните периоди е тоа што цените за маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон и трката на 5км се пониски за разлика од подоцнежните рокови за пријавување.

Можноста да се одбере својот стартен број од броевите кои ќе бидат понудени за секоја од трките, е ретка можност за секој учесник да учествува на претстојното издание на Виз Ер Скопски Маратон со број кој претставува и симболизира нешто вредно и значајно за истиот.

И оваа година, при регистрацијата сите кои во 2016 не ја искористиле можноста за бесплатна регистрација, а биле пријавени на маратонот, полумаратонот или на штафетниот маратон во 2015, ќе можат да побараат купон за бесплатна регистрација и истиот да го искористат за регистрација за трките во 2017 година.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Останато

error: Содржината е заштитена со авторски права.