Следи нѐ
To Top

Утринава земјотрес во Македонија

Утрово во 10 и 11 минути е регистриран земјотрес во Штипското епицентрално подрачје со интензитет од III-IV  степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотресот регистриран од телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје,е со Рихтерова локална магнитуда од 2,8 степени.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.