Следи нѐ
To Top

ЏАСТИН БИБЕР НАВРЕДЕН: Го прекина концертот во Манчестер и ја напушти бината (ВИДЕО)

Џастин Бибер за време на неговиот концерт во „Манчестер арената“ реши да и се обрати на публиката и да им „каже некој збор“, но таа идеја не им се допаднала на гледачите.

Како што објавија британските медиуми, додека пејачот зборувал, пулбиката негодувала, порачувајќи му да продолжи со настапот.

Тој се налутил на ваквата реакција на публиката, го спуштил микрофонот и слегол од сцената.

Сепак, наскоро се предомислил и се вратил на бината, најавувајќи и на публиката дека нема да прозбори до крајот на концертот.

Бибер продолжи со концерот во Манчестер, но ни по него не објасни што толку го налути.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.