Следи нѐ
To Top

Студено, облачно и ветровито – од петок снег на повисоките места

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно облачно со умерен до засилен северен ветер. Во централните и северните делови ќе биде со сончеви периоди. Кон крајот на денот и преку ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои во јужните делови повремено ќе бидат со умерен интензитет.

Минимална температура ќе се движи од 5 до 13 а максималната температура  од 12 до 17 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе се движи до 14 степени.

Утре кон крајот на денот, преку ноќта и во петок претпладне ќе има локални врнежи од дожд, кои во јужните делови повремено ќе имаат умерен интензитет.

Поради спуштање на студен воздух од север во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне на повисоките планини во западниот дел од земјава врнежите ќе поминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата. Од петок попладне следува период на стабилно, суво време со утрински температури кои на некои места ќе се спуштат под нула.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

error: Содржината е заштитена со авторски права.