Следи нѐ
To Top

Ноќните волци во уште една општествено-одговорна мисија

Ноќните волци уште еднаш ја покажаа својата општествено-одговорна мисија на дело. На покана на претседателот на Здружението на слепи и лица со оштетен вид, Благица Петровска, тие присуствуваа на активноста насловена „10 минути во светот на темнината“.

Поводот за оваа несекојдневна средба беше одбележувањето на 70 години од постоењето на Здружението кое работи за подобрување на животот и стандардот на слепите лица и практично применување на сите права и бенифиции, предвидени со многу законски прописи.

– „Бевме заедно со нивните членови за да поминеме 10 минути со прекриени очи во разговор и комуникација за да го почувствуваме секојдневието на слепиот човек и да почувствуваме како тие го компензираат недостатокот на видот со останатите сетила.“ – изјави Ленин Јовановски, претседател на Ноќните волци.

Во продолжение погледнете фотогалерија од заедничката средба:

<
>

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.