Следи нѐ
To Top

БОБ ДИЛАН: „Ако можам, ќе одам на доделувањето на Нобеловите награди“

Американскиот музичар и текстописец Боб Дилан порача дека „апсолутно“ сака да присуствува на церемонијата за доделувањето на Нобеловите награди во Стокхолм, „доколку биде во можност“.

Дилан (75), кој првпат се огласи откако на почетокот на месецов беше прогласен за добитник на Нобелова награда за литература, во интервју за „Телеграф“ изјави дека „му е тешко да поверува“, оти е овогодишен лауреат.

Дилан истакна дека ќе присуствува на доделувањето на Нобеловите награди во Стокхолм, „доколКу биде во можност“.

Свечената церемонија за доделувањето на наградите ќе се одржи на 10 декември во Стокхолм.

Дилан е првиот музичар кому му е доделена Нобеловата награда за литература.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.