Следи нѐ
To Top

ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Негативни температури наутро, сончево и топло попладне

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност особено во западните делови. Преку ден ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до пет, а дневната од 13 до 20 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до 15 степени.

Од утре до средината на наредната недела се очекува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под нулата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.