Следи нѐ
To Top

Пијан функционер осомничен за предизвикување сообраќајка во Тафталиџе

Теренско возило „туарег“ со скопски регистерски таблички ноќеска во скопската населба Тафталиџе удрило во неколку возила, а според полициски извори станува збор за заменик-министер кој до 2 часот не бил пронајден, а според очевидци тој наводно бил во алкохолизирана состојба, пишува новинската агенција Макфакс.

Од министерството за внатрешни работи потврдија дека доцна ноќта на улицата „Алжирска“ се случила сообраќајна несреќа и дека возачот на возилото што ја предизвикало несреќата избегал од местото на настанот.

Сомневањата се дека џипот е на Агенцијата за вработување, а оти бил возен од актуелен заменик-министер.

Во пријавата за сообраќајната несреќа било наведено дека лицето што го урпавувало „туарегот“ били алкохолизирано и избегало. Во „туарегот“ останала сопатничката со иницијали Т.К. која била приведена во полициска станица за давање исказ.

Во медиумите од различни извори засега постојат две верзии за несреќата. Според едната во инцидентот има повредени, а според втората неколку возила биле оштетени, но за сите официјални информации МВР детали најави подоцна во текот на денот.

Местото на инцидентот беше обезбедувано од полицајци кои на новинарските екипи ноќеска не им дозволија пристап поради незапочнатиот увид на несреќата.

Денеска со реакција се јави и кабинетот на дополнителниот заменик-министер:

„ Во врска со одредени наслови и текстови на портали кои денеска беа објавени, за наводна “тешка сообраќајна незгода со последици” должни сме да реагираме бидејќи истите се базираат на невистини, шпекулации и груби дезинформации кои очигледно се смислени за да наштетат на угледот на дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика.„

„Опозициските портали дрско и непоткрепено манипулираа дека се случила тешка сообраќајна несреќа со настанати штети што е целосна невистина. За овој типичен пример на организиран и координиран напад поттикнат во политички цели против дополнителниот заменик министер во наредните денови не е исклучено и поведување постапки пред надлежните судови за докажување на вистината“, стои во соопштението.

 

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.