Следи нѐ
To Top

Тесла Моторс ја претстави невидливата соларна батерија

Директорот на американската иноваторска компанија „Тесла Моторс“, го претстави новиот производ на својата компанија, позната по производството на електричните возила, во областа на соларната енергија – панел за покрив и напреден уред за складирање на енергијата своевиден соларен цреп, пренесува Макфакс.

На презентацијата во Лос Анџелес, челникот на „Тесла“, Илон Маск ја претстави соларната батерија на иднината, којашто се интегрира во покривот на домот, така што речиси е невозможно да се види. Компанијата ќе го понуди на пазарот својот производ во четири варијанти; шкрилеста керамида, керамида во тоскански стил, текстурирано стакло и сјајна стаклена плочка. Маск притоа изрази надеж дека ја претставува иднината којашто ја очекуваат и посакуваат неговите клиенти.

Презентацијата се одржа три седмици пред спојувањето на „Тесла Моторс“ и американската енергетска компанија „СоларСити“ кое треба да се случи на 17-ти ноември. Доколку зделката биде остварена, компаниите планираат во сабота презентираниот производ да го произведуваат во сојузната држава Њујорк.

Покрај панелот, „Тесла“, исто така, го претстави и усовршениот систем за акумулација на соларната енергија „Пауервол 2“, која може да се користи и за приватните домови и за деловни објекти. Дизајниран е така што собраната преку светлиот дел од денот сончева енергија да се претвора во електрична енергија и да го осветлува и загрева објектот.

Компанијата проценува дека корисниците на сончевите батерии трошат само мал дел од соларната енергија што ја собираат, а огромен дел отпаѓа на енергијата од дистрибутивната електрична мрежа. Системот „Пауервол“ овозможува да се зачувува енергијата, за користење во кое и да е време.

Уредот „Пауервол“ од моќност 14 киловат часови чини 5.500 долари. Нарачките ќе започнат од јануари 2017 година.

Црепот е изработен од стакло за да изгледа поактрактивно од соларните панели, технологија којашто досега се користеше на покривите од куќите. Целата е следна: соларниот цреп изгледа многу подобро од соларните панели. Маск изјави дека така покриениот покрив е „многу сладок“.

Презентацијата се одржа во студијата „Универзал стјудиос“ во Лос Анџелес, во кои се снимаше популарната телевизиска серија „Домаќинки“.

Во август компанијата „Тесла“ најави купување на производителот на соларни панели „СоларСити“за 2,6 милијарди долари. Маск, инаку, е најголемиот акционер во двете компании. Според условите од договорот, акционерите на „СоларСити“ ќе добијат по 0,11 обични акции на „Тесла“ за секој акција на „СоларСити“. Се очекува дека трансакцијата ќе биде заокружена во четвртиот квартал од 2016 година, по добивањето на одобрението на регулаторите и акционерите.

„Тесла Моторс“ во третиот квартал остварил чиста добивка од 21,9 милиони долари, што е прва добивка на оваа компанија по повеќе од три години загуби, благодарејќи на рекордната продажба. Аквизицијата на „СоларСити“ во износот од 2,6 милијарди долари повторно компанијата ќе ја турне „во црвено“, но Маск тврди дека тоа има смисла бидејќи двете одвоени компании „малку ќе ги забават“ работите.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Наука

error: Содржината е заштитена со авторски права.