Следи нѐ
To Top

Отворениот новиот ланец на спортски продавници „Sport Reality“ во Скопје

Спортскиот дух во Македонија не застанува. Овој понеделник во ГТЦ, во центарот на Скопје, се отвора Sport Reality, ланец за спортска опрема кој отсега ќе биде присутен и во нашата држава.

По тој повод, промотивно за првиот ден од отварањето, целиот изложен асортиман има -20% попуст и покрај пристапноста на редовните цени. Иако познати по големиот избор на спортска опрема од реномирани произведувачи, Sport Reality нуди многу повеќе од очекуваното.

Главниот фокус на овој ланец е да се следи спортскиот урбан стил, но и да се понуди идеален однос помеѓу квалитетот и цената. Спортска модерна опрема од познатите светски брендови како Nike, Adidas, Reebok, Converse, Lotto, Navigare, Kronos, Lonsdale, Carrera, Ellesse, Slazenger, Karrimor, Diadora, Sergio Tacchini и многу други, сега може да се набави по ценa достапнa за секого. Sport Reality нуди широк избор на модерни парчиња, поделени во неколку спортски линии за жени, мажи, тинејџери и деца.

„Особено нè радува фактот што во последните неколку години се шири уникатна спортска култура во Македонија и тоа со забрзано темпо. Преку разновидноста која се нуди на љубителите на спортот и спортската опрема, најмногу младите имаат можност да ги следат светските спортски трендови со купување на производи со кои самите го градат својот урбан стил. Целиме понудата да е достапна за сите купувачи и да ги задоволиме и најпребирливите вкусови. Добредојдени се сите одблизу да се запознаат со понудата на обувки од светските произведувачи како Nike, Adidas, Converse, Reebok, Lotto, Diadora и многу други. Се надеваме дека секој ќе ужива во удобноста и практичноста на големата палета на производи,“ истакна Дарко Крстевски, маркетинг менаџер на Sport Reality во Македонија.

Новата продавница Sport Reality се наоѓа на приземјето на Градски Трговски Центар (поранешен Springfield). Во Sport Reality секој може да го пронајде своите омилени парчиња од широката лепеза на спортска опрема достапна за секого.

Менаџментот на Sport Reality најавува многу изненадувања следниов период, но и проширување на целата приказна со отворање на уште продавници во другите градови во Македонија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Uncategorized

error: Содржината е заштитена со авторски права.