Следи нѐ
To Top

Ексклузивни ревии на вториот ден од модниот викенд во „Мериот“ (ФОТО)

Вториот ден од есенскиот четиринаесетти Моден викенд Скопје во „Скопје Мериот хотел“ публиката уживаше во четири ревии за сезоната есен-зима 2016/2017 година.

Под името „ Ритам и наука“ се претставија студентите од „Институтот за дизајн и инженеринг на облека“ на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје, кои се под менторство на дизајнерката Лидија Георгиева.

„Со желба за иновација и позитивна енергија, студентите од насоката за Дизајн и текстилно инженерство, заедно со студентите од катедрата за Прехранбена технологија и биотехнологија, соработуваа во кондензација на заедничките идеи. Ритамот беше клучна инспирација за 3Д одпечатоци, мириси, вкусови, дизајн на облека, дизајн на храна, фотографија. Сите сетила беа вклучени во процесот на работа – Ритамот е вибрација, бран, движење, звук, пулсирање. Денес, повеќе од секогаш дизајнот и технологијата се тесно поврзани, па иднината е токму во продолжувањето на таа соработката од која континуирано постои можност за нови идеи.“, вели дизајнерката Лидија Георгиева.

<
>

Дејан Тодоровиќ кој учествува по втор пат на Моден викенд Скопје ја прикажа колекцијата “[email protected]”, која како што вели е инспирирана од женската убавина која го привлекува вниманието сама по себе со погледите вперени кон неа.

Етикетата „Elezi Paris“ која ја потпишува Флора Елези e фокусирана на есенските бои со нагласени златни и сребрени тонови. „Допири од бои на свила, кадифе и чиста волна“.

За крај на втората вечер Олгица Ѓоргиева ја претстави најновата колекција „Touch of my soul”.

Вечерва, Моден викенд Скопје се затвора со колекциите на курсистите по моден дизајн од Центарот„Кариера Плус“ : Радица Лазова, Оливер Атанасов,Ева Заева, Асмира Абази и Ивана Арсовска, под менторство на Ирина Тошева, ревијата на Марија Трајанова, модниот перформанс на Ена Зафировска поддржана од „Пакомак“ и Ирина Тошева поддржана од „Avicena“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.