Следи нѐ
To Top

ЗАБРАНАТА УКИНАТА: Се враќа македонската музика во етер, се враќаат и Гранд и Пинк

Од денеска на македонските телевизии и радија повторно се слуша македонскиот мелос и звукот на ова поднебје. Антологиските песни на легендата Тоше Проески, омилените песни од Каролина Гочева, емотивните балади на Калиопи, Розо моја и Туѓа си бескрајно, како и рефрените на Северина, Саша Ковачевиќ, Аца Лукас, Весна Писаровиќ, Жељко Јоксимовиќ, Оливер Драгојевиќ, Прљаво Казалиште, Рибља Чорба итн.

Министерството за култура донесе решение за запирање од извршување на Одлуката на Собранието на ЗАМП, со која се забранува емитување на авторски музички дела по пат на радиодифузно емитување, пренесува порталот ТВ Пакет.

Затоа почитувани читатели, вашите омилени шоу програми на Пинк и Гранд очекувајте ги повторно на малите екрани за сите заедно да ги бодриме новите таленти од Македонија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.