Следи нѐ
To Top

Подметната бомба во џип на скопски бизнисмен ги вознемири жителите на Ново Лисиче (ФОТО)

Според информациите пренесени од порталот ДоказМ, запален џип синоќа ги вознемири скопјани. Неофицијалните информации велат дека станува збор за подметната бомба под џипот на сопственикот на познатиот ланец за брза храна Вили.

Порталот ги пренесува информациите повикувајќи се на податоци добиени од сестрата на сопственикот, инаку позната водителка, која пишува дека семејството се сомнева дека станува збор за напад на позната група која подолг период им барала рекет и се заканувала.

Запалено било возилото „гранд чироки“ со скопски регистарски таблички, сопственост на Г.Д. (39). Запалено било уште едно возило, најверојатно како последица на пожарот на џипот, „фиат уно“ со скопски регистарски таблички, сопственост на А.М. (33).

Од полицијата сѐ уште нема официјални информации за случајот.

Инаку, експлозијата се случила во непосредна близина на редакцијата на Популарно.мк.

 

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.