Следи нѐ
To Top

Сончево со ниски утрински температури

Времето во Македонија ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од 12 до 19 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

До четврток времето ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури. Во четврток попладне ќе има зголемување на облачноста, а во текот на ноќта и во петок претпладне ќе има слаби врнежи од дожд, особено во западните и во северните делови од земјава.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.