Следи нѐ
To Top

ВАШАТА СЛЕДНА ЗИМСКА ДЕСТИНАЦИЈА: Краков – пајтон, замок и змеј

Краков се смета за еден од најубавите градови на Централна Европа и тој и денес ги носи лузните од Втората светска војна, кои сведочат за бурното минато на овој град.

Како и секој друг град, Главниот плоштад е место откаде треба да се тргне во разгледување. Тука се собираат сите туристи, но и локалните жители.

Покрај уличните забавувачи, на плоштадот од 13. век се одвиваат сите најважни случувања во градот. Со поглед на стариот часовник на Градската куќа може да се појадува  во кафе „Лоза“, на полски начин – кајгана и сирење. Потоа за 20 евра може да се изнајми пајтон и направи круг околу строгиот центар.

Брама Флоријанска е влезот во истоимената улица, која е срцето на стариот град. Низ оваа порта во минатото минуваа многу важни личности до Главниот плоштад и Вавел замокот. Тоа е местото каде што задолжително треба да се фотографирате.

Замокот на Вавел ридот е атракција, која треба да се посети. Импресивно издание, изгледа како од приказните. Тука се наоѓа и споменик на змејот Смок Вавеск, а според една легенда, го победил пастирот, кој подоцна стана крал.

Плоштадот Нови е живо место, каде локалното население доаѓа за ручек. Во овие кафулиња и ресторани и навечер се доаѓа на пијалак.

Дневно време се отворени и пазари за храна, а викендите наутро пазари за антиквитети. Тука треба да се проба пицата багет „запијеканки“.

Кај Краков бил озогласениот концентрациониот логор „Аушвиц“. Од ова трагично место се оди на полудневен излет со автобус и се оддава почит на жртвите на нацистичкиот режим.

Ниту еден друг град во светот нема паганска могила. Копиец Кракуша не само што е несекојдневна некропола, туку и популарно место за пикник со убав поглед на градот. Тука секој Велигден се одржува фестивал во слава на паганското минато на Полјаците.

Жителите на Краков ја обожуваат реката Висла, па постојат неколку начини да уживаат во неа. Летно време се капат, а во текот на целата година покрај реката да се џогира, шета или да се оди на крстарење со брод.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

error: Содржината е заштитена со авторски права.