Следи нѐ
To Top

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Претпладне студено, попладне топло – воздухот во Скопје повторно загаден

Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала, а само во западните делови со умерена облачност. Во текот на попладневните часови ќе има зголемување на облачноста во поголемиот дел од државата. Во текот на ноќта кон петок и в петок претпладне ќе има слаби локални врнежи од дожд.

Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од 15 до 21 степен.

Во Скопје слично време, претпладне сончево со мала, а во попладневните часови со значителна облачност. Претпладне ќе дува слаб јужен ветер, кој во текот на попладнето ќе го смени правецот во северен. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а во југоисточните делови ќе има услови за локален дожд.

Од понеделник под влијание на серија влажни бранови ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и ќе дува засилен јужен ветер.

Мерните станици за квалитетот на воздухот на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат високи концентрации на ПМ10 честичките во Скопје, Тетово и Куманово.

Утрово во седум часот се измерени 115,99 микрограми ПМ10 честички во Центар, 139,99 во Гази Баба, 109,17 во Карпош, 125,24 во Лисиче, 134,41 кај Ректорат, 99,04 во Миладиновци, 215 во Тетово и 106,36 микрограми во Куманово.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.