Следи нѐ
To Top

И Миле Паника се „зарази“ со популарната македонска апликација „Баз“ (ВИДЕО)

Сигурни сме дека нема средношколец или студент во Македонија кој нема слушнато за популарната апликација „Баз“ која служи како еден вид социјална мрежа на која може анонимно да се споделуваат содржини кои авторите на апликацијата ги имаат наречено „базови“.

Апликацијата, која е направена од тим на македонски студенти, дневно има преку 2.500 објави и 5.000 активни корисници што ја прави една од најуспешните апликации развиени во нашата земја.

Тоа што ја прави оваа апликација атрактивна меѓу младите е можноста на секој корисник да споделува искуства, мислења, исповеди и најчесто шеги, без да се дознае неговиот идентитет.

Креативниот тим направил и посебен епизоден серијал на „јутјуб“ видеа наречени „Читаме базови“ во кои преку глума на самите креатори на апликацијата се илустрираат најпопуларните објави напишани од корисниците.

Во последната епизода гостин во овој серијал беше и Миле Паника.

– „Соработката со Миле Паника беше остварување на сонот. Сите сме растеле со скечевите на К-15 и не можеме да си поверуваме дека снимавме видео токму со него. Епизодата со Миле Паника е дефинитивно најзабавната до сега и се надеваме дека ќе биде заинтересиран повторно да гостува во некоја од наредните епизоди!“ – велат од „Баз“.

На нас нѝ останува да им ја дадеме поддршката на овие млади креативци, а тоа можете да го сторите со симнување на апликацијата од „плеј стор“ за корисниците на андроид телефони, односно „ап стор“ за корисниците на Ајфон.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Мобилни

error: Содржината е заштитена со авторски права.