Следи нѐ
To Top

СТРАШНА СООБРАЌАЈКА КАЈ ЗАЈАС: Три лица го загубија животот

Три лица на возраст од 16, 19 и 46 години го загубија животот во сообраќајната несреќа која вчера попладне се случи на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај Зајас.

Според информациите од полицијата до несреќата дошло откако З.З. (46) од кичевско Колари управувајќи „Форд ескорд“ удрил во задниот дел од неосветлен трактор натоварен со дрва кој го управувал 66 годишниот Џ.Ј.

Поради тешки повреди на лице место животот го загубиле возачот на „Фордот“ и двајцата сопатници, 16 годишниот Х.А. и А.В. (19), додека со полесно повредени биле возачот на тракторот и неговиот сопатик А.М. (25).

Телата на починатите се предадени на обдукција. Полицијата на местото на несреќата извршила увид, а сообраќајот од 19:20 до 00:30 се одвивал наизменично по една коловозна лента.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.