Следи нѐ
To Top

Ева и Илина – две сестри кои гордо ја претставуваат Македонија во светот на гимнастиката

Ева по стапките на сестра и Илина – вроден талент за гимнастика

Малата Ева Соколовска само на 6 годишна возраст влезе во националниот тим на таленти во ритмичка гимнастика во Германија. Нејзината постара сестра Илина веќе е ѕвезда во оваа област.

Двете сестри се родум од Скопје. Нивните родители се преселиле во Германија и денес двете успешни девојчиња се натпреваруват со македонското знаме. Ева допрва ќе го покажува својот талент во гимнастиката, додека постарата Илина освојува врвни светски резултати , како во Германија така и во светот.

14518225_1785721625032200_285514463_n

Нивниот татко Горан Соколовски е горд на своите ќерки.

– „Илина како поискусна и постара и го отвори патот на Ева. Двете се многу талентирани и да ви кажам многу се радувам што сами сакаат да се натпреваруваат со македонското знаме и пасош. Сепак се македонски девојчиња, нели!“, се шегува тој.

Пред две-три години германските медиуми пишуваа за постарата Илина, за нејзините врвни резултати во овој спорт. Тогаш татко ѝ Горан имаше мала кавга со медимите. Тој се бунеше против одлуката ќерка му да ја пишуваат како Германка и инсистираше таа да се натпреварува под името на Македонија, во кое и успеа.

14492463_1786743341596695_7160960219084035552_n

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Останато

error: Содржината е заштитена со авторски права.