Следи нѐ
To Top

ПУБЛИКАТА НА НОЗЕ: Јан Гилан ги оживеа хитовите на „Дип Прпл“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Од стари до млади, сите уживаа на спектакуларниот концерт на Јан Гилан синоќа во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Во преполната арена во која се бараше место повеќе буквално целата публика беше на нозе, играјќи на старите, но и нови хитови на легендарниот Јан Гилан.

Низ столчињата во партерот и на трибините можеше да се забележат мали деца, но и постари љубители на класичниот рок.

dsc_8402

Концертот започна точно во 21 часот со настапот на групата „Папа ле Гал“ во која пее и ќерката на Гилан, Грејс.

По одличното загревање на публиката, сцената се подготвуваше за Македонската филхармонија и бендот на Дон Ари кои го придружуваа Јан во текот на вечерта.

dsc_8392

Се редеа хитовите „Perfect Strangers“, „When A Blind Man Cries“, Strange kind of woman“ и многу други, а кулминацијата на атмосферата настана кога публиката ги слушна историските акорди на „Smoke On The Water“.

За неверојатното аудио уживање беше задолжен 40-члениот оркестар на Македонската филхармонија, под диригентска палка на британецот Стивен Бентли Клеин, кој ги направи новите аранжмани на песните.

A video posted by Gjorgi Selkov (@selkovg) on

Во продолжение погледнете ја галеријата низ објективот на нашиот фоторепортер Атанас Стојановски.

<
>

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.