Следи нѐ
To Top

КАКО ОД СОНИШТАТА: Кревет со поглед на поларната светлина (ФОТО)

Во арктичкото одморалиште Карксклаутане ќе доживеете единствено и незаборавно искуство доколку го посетите во време на сезоната на поларна светлина, и тоа  со поглед од креветот токму на неа.

Ова арктичко одморалиште во неговата понуда нуди стаклени иглоа, од кои ноќе се нуди незаборавен поглед на поларната светлина. Во понудата постојат два вида иглоа. Кело стаклени иглоа е малку поголем и може да прими четири лица, а освен спална соба во стаклениот дел има и приватна сауна, камин и кујна.

Нешто „пообичниот“ стаклен игло за две лица, соддржи само спална соба со незаборавен поглед и тоалет. Сауната и бањата се во друга зграда.

За ова незаборавно искуство најниската цена за ноќевање е 455 долари.

Овие иглоа се изнајмуваат цело време на траење на сезоната на поларна светлина, што значи од 20 август до крајот на април.

Ова одморалиште е сместено на 250 километри северно од арктичкиот круг, во финскиот Лапланд. Од 1973 година во него се организираат туристички тури и се нуди сместување во специјализирани апартмани.

Кај нив е можно да се замине и на лов на поларната светлина, возење со санки, сафари со ирваси, рибарење на мраз, а во близина е и имотот на Дедо Мраз.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

error: Содржината е заштитена со авторски права.