Следи нѐ
To Top

Предновогодишно џез уживање со Жељко Јоксимовиќ во МНТ (ВИДЕО)

Џез призвук на фолк поп и рок песни. Пејачот и кантавтор Жељко Јоксимовиќ во сосема поинакво издание во Скопје.

Едно од најдобрите српски музички имиња, единствениот кој што успеа да ја наполни Националната Арена Филип Втори, пејачот и кантавтор Жељко Јоксимовиќ со сосема нов концeпт, предновогодишно доаѓа во Скопје. На 1, 2 и 3 декември, драматичниот амбиент на Македонскиот народен театар, ќе биде сценографија врз која Јоксимовиќ со музика ќе наслика нови Два света.

<
>

Со сосема поинаков звук и повеќе од 40 музичари на сцена, Јоксимовиќ предновогодишно ќе го разубави главниот град. Џез призвук и сосема поинаков аранжман на она на што сме навикнати да го слушаме од Жељко Јоскимовиќ. Овој музички проект насловен „Два света” својата премиера ќе ја живее три дена во Скопје, а од тука ќе продолжи да го освојува регионот.

На овој проект, Жељко Јоскимовиќ работел неколку месеци и заедно со Биг Бендот ги изменил аранжманите на неколку поп, рок но и фолк песни и сега истите во џез варијанта премиерно ќе имаме можност три дена по ред да ги слушаме во Скопје.

 

Јоксимовиќ во јуни 2014 година беше првиот и засега единствен пејач кој што успеа да ја наполни Националната арена Филип Втори. Статистиката тогаш велеше дека собра повеќе од 70.000 публика а насловните страници пак раскажуваа за најголемиот концерт во дотогашната кариера на Јоксимовиќ.

Концертите на 1, 2 и 3 декември, ќе бидам сосема поинакви од овој историскиот на Филип Втори. Новогодишни со џез манири и со повеќе од 40 музичари на сцена Јоксимовиќ ќе донесе нова предновогодишна приказна во Скопје. Ќе ги врзува единствено квалитетот, односно звукот и продукцијата за која што ќе се погрижи самиот тој.

Цената на влезниците ќе се движи од 1.200 до 3.000 денари. Истите се пуштени во продажба на стандардните продажни места во државата. Почетокот на концертот е закажан за 20 часот и 30 минути.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.