Следи нѐ
To Top

Облачно, со повремени врнежи од дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но и со повремени врнежи од дожд, претежно со слаб интензитет.

Пооблачно ќе биде во западните делови од земјата каде што ќе биде и нешто поврнежливо, меѓутоа не се очекуваат големи количини на воден талог. На повисоките планини во западните делови ќе има повремени слаби врнежи од снег. Ќе дува слаб до умрен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од три до осум, а дневната од 10 до 17 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со кратки сончеви периоди, но и со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Нови врнежи од дожд се очекуваат од утре попладне до сабота во пладневните часови, кога повторно повеќе врнежи се очекуваат во западните делови од земјата, каде што на повисоките планини повторно ќе има врнежи од снег.

В сабота се очекува и засилен ветер од југозападен правец. Дневните температури ќе бидат без позначителни промени.

Од недела ќе преовладува стабилно време со пониски утрински температури.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.