Следи нѐ
To Top

Канадскиот пејач Мајкл Бубле ја паузира кариерата додека неговиот син не се излечи од канцер

Канадскиот пејач, Мајкл Бубле, ќе ја паузира својата музичка кариера додека неговиот син не се излечи од канцер.

Цел свет занеме кога канадскиот пејач објави дека неговиот тригодишен син Ноа е болен од рак.

Сега му претстојат четири месеци хемотерапија, а пејачот одлучи целосно да му се посвети на излекувањето на синот, за кој велат дека има 90-отстотни шанси да ја победи болеста.

-Тој нема да пее додека детето не му оздрави. Се затвори  и мислам дека не ги ни проверува социјалните мрежи, но сигурен сум дека ја чувствува љубовта и поддршката која му ја испраќаат милиони луѓе, рече неговиот пријател, канадскиот музичар Дејвид Фостер.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.