Следи нѐ
To Top

ГО НАЛУТИ НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ: Опра Винфри изјави дека надежта е сѐ уште жива за Хилари Клинтон

Изборот на Доналд Трамп на чело на САД и натаму е тема која ги дели луѓето на поддржувачи и лути противници на новоизбраниот американски претседател, што на своја кожа го почувстува и познатата водителка Опра Винфри.

Иако во текот на кампањата таа ја поддржуваше Хилари Клинтон, по победата на Трамп, Опра објави помирувачки твит, кој го налути „половина свет“ и многу нејзини колеги од шоубизнисот.

– Сите вие, длабоко вдишите. Има надеж, напиша познатата телевизиска под објавената фотографија од средбата Трамп со актуелниот претседател Барак Обама во Белата куќа, по што почнаа критиките.

– Опра, што ти е? Не ми се допаѓа ова, напиша актерот Патон Освалд, а Хедер Матарацо беше и поконкретен: „Опра, ти слободно вдиши и задржи го воздухот, додека ние другите доследно се бориме за живот“.

Други беа „понежни“ и ја замолија водителката да „не се обидува да го прикаже Трамп како нормален“, кога децата од малцинските заедници веќе сега во американските училишта трпат дискриминација и насилство.

Опра на Твитер инаку ја следат речиси 35 милиони луѓе, а заедно со големиот број критики, за твитот за Трамп доби и десетици илјди лајкови.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.