Следи нѐ
To Top

Бркотница и вооружена престрелка синоќа во Скопје – едно лице е рането

Д.Т. (45) е ранет во престрелка со огнено оружје која синоќа се случила во Скопје, на булеварот Партизански одреди.

Имено, во 00:01 часот сестра од ургентен центар „Мајка Тереза“ пријавила дека е донесено лицето Д.Т. со повреди здобиени од огнено оружје на бул. Партизански Одреди кај бензинска пумпа Макпетрол. Лицето се здобило со огнострелни повреди во пределот на стомакот, градниот кош и раката.

Ранетиот претходно со возило бил бркан од засега непознато лице кое пукало по него.

Целта на нападот засега е нејасна, а од МВР повеќе детали за оваа пресметка најавуваат за денеска.

Неофицијално, Д.Т. е дел од обезбедувањето на СДСМ.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

error: Содржината е заштитена со авторски права.