Следи нѐ
To Top

Сончево со утрински температури под нулата

Времето денеска ќе биде студено, но облачноста постепено ќе се намалува, особено попладне и ќе преовладува  сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Највисоката температура ќе се движи во интервалот од 4 до 10 степени.

Утринската температура се движеше од -8 во Маврово, -6 Берово и Крушево, -5 Лазарополе, -4 Ѓуриште и Тополчани, -2 Штип, Д. Капија, Крива Паланка и Пожаране, -1 Виница, Прилеп, Струмица и Дебар, 0 Претор, Битола, Скопје и Куманово, 1 Тетово и Охрид, 3 Дојран и 4 Гевгелија.

Утрово во поголемиот дел од земјава преовладува претежно облачно и студено време, а во источните делови сончево со умерена облачност. Дува слаб ветер претежно од северен правец.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб северен ветер. Највисоката температура ќе достигне до 6 степени.

Во наредните денови  ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со пораст на дневната температура. Утрата  ќе бидат студени, и температурата на повеќе места ќе биде под нулата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

error: Содржината е заштитена со авторски права.