Следи нѐ
To Top

Дводневна конференција „Microsoft Визија: Reloaded“

Над 300 бизнис лидери и ИТ професионалци денеска и утре во Скопје ќе учествуваат на конференцијата „Microsoft Визија: Reloaded“ што ја организира Мајкрософт Македонија.

Конференцијата, како што е најавено, ќе ја отвори Мајкл Когелер, генералниот директор на Multicountry регионот во Мајкрософт, кој опфаќа 15 земји од Централна и Источна Европа. Меѓу главните говорници на конференцијата ќе бидат и Петар Иванов, генерален директор на Мајкрософт за Македонија, Бугарија и Косово, Љупчо Георгиев, директор на Мајкрософт Македонија и Косово, како и американскиот амбасадор Џес Бејли.

Мајкрософт Македонија во соработка со Цертиадриа ќе обзебеди и бесплатни ваучери за 30 кандидати вработени во јавната администрација да можат на самото место да го полагаат испитот Microsoft Office Specialist.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Наука

error: Содржината е заштитена со авторски права.