Следи нѐ
To Top

ЗА СИТЕ КОИ ПАТУВААТ ПРЕКУ ОКЕАНОТ: Од Лондон до Њујорк за само три часа? (ВИДЕО)

Ричард Бренсон, основач и директор на компанијата „Вирџин“, претстави прототип на новото суперсонично летало, со кое патниците би можеле од Лондон до Њујорк да стигнат за само три часа и 15 минути. 

Авионот ХБ-1 кој во меѓувреме стекна прекар „Бејби бум“, ќе биде најбрзото цивилно летало кое некогаш е произведено.

Леталото ќе се движи со брзина од 2.2 маха, што е десет отсто побрзо од Конкордот, кој леташе со брзина од два маха, пишува „Индепендент“.

Новите авиони ќе превезуваат околу 40 патници, а првиот комерцијален лет се планира за 2023 година.

Субсоничното тесирање на леталото ќе биде извршено на подрачје источно од Денвер во Колорадо, додека суперсоничните тестирања ќе се спроведуваат во близина на воздухопловната база Едвардс во Јужна Калифорнија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

error: Содржината е заштитена со авторски права.