Следи нѐ
To Top

За Британците Кара Делевињ е икона на убавината

Во едно истражување каде учествувале илјада Британци, на возраст меѓу 18 и 65 години, побарано е од сите учесници да се изјаснат за три славни убавици, кои според нив се икони на убавината, како и нивните најпрепознатливи карактеристики.

По ова истражување, број 1 е 24-годишната манекенка Кара Делевињ, која е позната по нејзините густи веѓи.

Второ место освои легендарната Мерилин Монро, а трета Ким Кардашијан.

Потоа следат, Одри Хепберн, Твиги, Елизабет Тејлор, а потоа, на изненадување на многумина е Кајли Џенер, која во целост за денешниот изглед може да се заблагодари на пластичните операции.

Потоа следи бурлескната убавица Дита Вон Тиз, а потоа пејачката Гвен Стефани, каде впечатливиот црвен кармин за усни има голем број фанови, особено меѓу Британците.

На десетто место се најде славната пејачка Адел, чиј совршен, мачкест туш на очите е она по што и тоа како е позната, освен по совршениот глас.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.