Следи нѐ
To Top

Менаџерот на Леонард Коен откри: Познатиот пејач починал во сон

Менаџерот на Леонард Коен, Роберт Кори откри дека познатиот музичар починал во сон, ноќта на 7 ноември. 

Коен почина во својот дом во Лос Анџелес, а како што стои во соопштението објавено на Би-Би-Си, неговата смрт била „ненадејна, неочекувана и мирна“.

Јавноста за смртта на пејачот дозна три дена подоцна, на 10 ноември, по неговиот погреб.

На погребот присуствувале само членови на семејството и неговите најблиски пријатели, а неговиот син Адам изјави дека така е исполнета последна желба на татко му – да почива крај неговите родители.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.