Следи нѐ
To Top

Леонардо Дикаприо ручал во ресторан за бездомници

Холивудскиот глумец Леонардо Дикаприо оваа недела ручал во еден ресторан во Единбург, во кој се собираат финансиски средства за бездомници.

Имено, Дикаприо бил гостин на ресторанот „Дом“ во кој посетителите можат однапред да платат оброк за бездомници.

– Голема е честа што Дикаприо беше гостин во нашиот ресторан и што ја поддржа хуманитарната акција. Секој понеделник организираме вечера за бездомници, а им нудиме и можност да се вработат кај нас. Тоа е уште една голема холивудска ѕвезда која ги препозна нашите напори да ја намалиме сиромаштијата, изјави сопственикот на ресторанот.

Инаку Дикаприо долги години се занимава со хуманитарна работа и се бори за заштита на животната средина.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.