Следи нѐ
To Top

Вардар триумфираше над Металург во СЕХА лигата

Лидерот на табелата во СЕХА лигата Вардар успеа да победи во натпреварот од 10.коло против градскиот ривал Металург со 31:29. На полувреме резултатот беше нерешен 15:15.

Во најголемиот дел од дуелот двете екипи се менуваа во водство, а резултатот беше изедначен дури 17 пати и последен пат 25:25 во 48.минута. Потоа македонскиот првак Вардар направи серија од 6-1 за водство од 31:26.

Најефикасни на дуелот беа Тимур Дибиров кај Вардар со 7 голови и Филип Талески кај Металург со 8 голови. Страхиња Милиќ на голот на Вардар имаше 9 одбрани, а Дарко Арсиќ кај Металург 10.

Денеска се одигра и дуелот: Извиѓач – Мешков Брест 26:34, а во тек е натпреварот Загреб ППД – Цеље.

Табела: Вардар 31 бодови, Мешков Брест 20, Загреб 19, Веспрем 18, Цеље 15, Горење 9, Металург 7, Нексе 7, Татран Прешов 6, Извиѓач 3.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Ракомет

  • Вардар го победи европскиот шампион Киелце

    Ракометарите на македонскиот шампион Вардар попладнево во мечот на колот од ЕХФ Лигата на шампионите го победија европскиот првак Киелце со...

    Информативна Редакцијаноември 22, 2016
  • Червар: Ова беше натпревар на играчите

    По големата победа над Чешка (34:27) и изборениот пласман на Светското првенство во Франција разбирлива беше радост во таборот на ракометната...

    Информативна Редакцијаноември 22, 2016
  • Киелце нов европски шампион во ракомет

    Ракометарите на полскиот шампион Киелце се новите европски шампиони откако во финалето вечерва во Келн го победија Веспрем по изведувањето на...

    Информативна Редакцијаноември 22, 2016
error: Содржината е заштитена со авторски права.