Следи нѐ
To Top

НАМЕСТО НА ПЛАНИНА, ОДИМЕ НА ПЛАЖА: Тахити – илјадници милји далеку од реалноста

Прекрасните плажи во заливите на Тахити се од вулканско потекло, а неговото кристално сино море е вистинска атракција за љубителите на подводниот свет и нуркањето. Можете да се обидете и во собирање црни бисери и да си дозволите одмор во сенка на палмите, илјадници милји подалеку од реалноста.

Посебна атракција се школките со црни бисери, што имааат светска репутација, а собирањето црни бисери се посебно организирани со екскурзии до специјалните заливчиња.

Тахити е најголемиот остров во целиот архипелаг, во кој се наоѓа и главниот град на Француска Полинезија – Папете.

Папете е еден од најубавите градови на јужната полусфера. Кога станува збор за нуркање и кристално чистото море, видливоста е идеална дури и на 40 метри длабочина, па така е можно да се видат голем број видови на подводниот свет, кои живеат само тука – морски желки, шарени тропски риби, морски кучиња, па дури и китови од 15 метри.

Традиционалната музика и танц на Тахити, со спектакуларно зајдисонце, се нешто што никогаш не се заборава.

Тахити може да се запознае на повеќе начини, од посета на пазарот во срцето на градот, што зазема посебно важно место каде може да се купат рачно изработени производи, ванила, масло, тропско овошје, цвеќе, бисери… до кружни тури каде ќе останете без здив, гледајќи ги скриените водопади и прекрасниот пејсаж на брегот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

error: Содржината е заштитена со авторски права.